Во текот на март оваа година, заклучно со 21 март на територијата на Македонија имаше вкупно 484 пожари на отворен простор од пошироки размери, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од нив шумски пожари беа 23 додека во останатите 461 пожар на отворен простор гореа висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума како и ѓубришта. Вчера имаше вкупно 28 пожари на отворен простор од кои 1 е сеуште активен а 27 се изгаснати. Безмалку сите пожари започнаа од стрништа (земјоделски земјишта на кои се палат остатоци од земјоделски култури или меѓи обраснати со трева, трње, грмушки и слично), посочуваат од ЦУК.
Утрово, велат, сеуште е активен пожарот во скопската депонија Дрисла.
OhridNews