Министерството за надворешни работи на Србија соопшти дека во рамки на истрагата за убиството на американскиот државјанин на грчкиот остров Закинтос се уапсени шест српски државјани. Тие ќе бидат изведени пред обвинител. Грчката полиција соопшти дека афроамериканецот Бакари Хендерсон (22) им подлегнал на повредите здобиени во тепачка во бар.

Медиумите претходно пренесоа дека освен еден Грк и Британец со српско потекло и двајца Срби се уапсени поради претепувањето до смрт на американскиот турист во бар во Лаганас.

Засега не се познати мотивите за тепачката која заврши со трагичен исход. Истргата сè уште трае.

OhridNews

Макфакс