В сабота во 18 часот во Прилеп против истоимената екипа охридскиот ракометен состав ќе ја има премиерата во Супер лигата.
Сезонава охридскиот клуб има далеку поголеми амбиции од минатата која беше прва во елитата.
Доведувањето на пет нови ракометари во составот е доволен показател за апетитите на клубот во престојната сезона.
Првиот натпревар „гладијаторите“ на домашен терен ќе одиграат на 27 септември против тимот на Преспа од Ресен.
Мх.П.