Охридскита ракометари в недела со почеток во 18:30 часот ќе имаат премиера пред своите гледачи во новата сезона од Супер лигата, а ривал ќе им биде Борец од Велес.
Во двете воведни рунди охриѓани имаат половичен успех, на гостински терен го совладаа Работнички, а претрпеа пораз од Работник во дербито на колото.
За охридските бели ова е четврта сезона во ракометна елита, а исто како и претходните клубот има амбиции за пласман во плејофот.
Првиот ривал на „гладијаторите“ во Охрид не е наивен, бидејќи во првата рунда претрпе минимален пораз од Радовиш, а во втората со 18 погодоци разлика го совладаа Работнички.
OhridNews