На дневен ред ќе се најдат предлог одлуката за изменување и дополнување на буџетот на општина Охрид за 2010 год, предлог одлуката за изменување и дополнување на одлуката за извршувањена буџетот на општина Охрид за 2010 год, предлог одлука за усвојување на програмата за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на град Охрид , приградските и селските населби во сезоната 2010/2011 год.
Советниците ќе расправаат и околу Предлог решението за избор на претседател на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија .