Претседателот на Советот на општината, Душко Јаковчески, го потпиша Решението за свикување на 20-та седница на Советот на општина Охрид и предвидено е таа да се одржи на 19 јули, понеделник, со почеток во 10 часот.

Советниците ќе расправаат и одлучуваат по вкупно 44 предлог- одлуки и една предлог-иницијатива за дополнување на Статутот на општина Охрид.

Меѓу другото, на седницата е предвидено да се расправа за проценката на штетите од обилните врнежи од дожд и град, а 14 од предложените точки на дневен ред се однесуваат на утврдување потреба од изработка и донесување на локални урбанистички плански документации за одделни градежни парцели.

Ohridnews