Министерството за култура известува дека е изработен Предлог-законот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.
Со Предлогот на законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион ќе се создадат формално-правни предуслови, преку интегрирано управување со природното и културното наследство, да се спречат активности кои негативно влијаат врз исклучителната универзална вредност на природното и културното наследство во Охридскиот регион, како и да се преземат мерки за негово активно вклучување во животот на локалната заедница како фактор на одржливиот развој. Со новиот состав и зголемените надлежности на Комисијата за управување со природното и културно наследство во Охридскиот регион ќе се зголемат капацитетите за ефективно управување со природното и културното наследство, ќе се ублажат заканите по доброто и ќе се спречат активноти кои може негативно да влијаат врз неговата исклучителна универзална вредност, се наведува во Предлог законот.
Сите забелешки, мислења и предлози на Предлог-законот може да се оставуваат на следните електронски адреси: Зоран Павлов: [email protected], Оливера Ливриниќ: [email protected], Весна Илиевска: [email protected],ж и Фросина Ѓоршовска:[email protected]. Рокот за нивно доставување до 10.02.2024 година.
Јавната расправа за Предлог-законот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион ќе се одржи на 7 февруари во 11 часот во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ Скопје.
OhridNews