Полицијата во американската држава Конектикат била предупредена да се припрема за кражба на една банка бидејќи двајцата осомничени телефонирале во банката и побарале да им припремат вреќи со пари. Алберт Бејли и неговиот 16-годишен соучесник биле уапсени во банката Јунајтед во Ферфилд.
Се појавиле во банката десетина минути откако телефонирале. Наредникот на полицијата Џејмс Перес за локалните медиуми изјавил дека осомничените не биле баш паметни.