Според пријавата В.С. во еден момент излегол од собата и веднаш се вратил со себе носејќи пушка „Карабин“ модел 98, кал.7,9мм, ја наполнил со куршуми и ја вперил према него на растојание од 1 метар упатувајќи му ги зборовите: „Ќе те пукам, сиот мозок ќе ти го истурам“.
Од страна на УПС од СВР-Охрид, В.С. е приведен за понатамошна постапка, а оружјето е одземено со потврда зе привремено одземени предмети. СВР-Охрид превзема мерки за целосно расчистување на случајот.
извор: МВР