Популарниот актер Зак Галифианакис кој се прослави со улогата во комедиите „Мамурлук“, се појавил на црвениот тепих по повод доделувањето на SAG наградите и со својата појава буквално ги шокирал присутните и фотографите. Инаку „елегантно“ пополнетиот комичар драстично ослабел и станал речиси непрепознатлив.
Иако првите коментари за неговата слаба линија се појавиле на премиерата на филмот ‘Birdman’ кон крајот на минатата година, сега изгубил уште повеќе килограми. Покрај сето тоа, Зак ја избричил и густата брада по која бил препознатлив и така на црвениот тепих бил тежок за препознавање.