Жителите на општина Зајас, на вонредни избори вчера избираа нов градоначалник, кој ќе го одработи остатокот од мандатот на досегашнииот вршител на должноста кој беше назначен за член на Комисијата за електронски комуникации.


Своето право на глас од вкупно 10047 избирачи го искористија повеќе 30 проценти од вкупниот број на запишани грачани во Единствениот избирачки список, што беше услов изборите да бидат успешни.  Се гласаше само за еден кандидат, Муслим Муслиу од ДУИ.


Во Општина Зајас имаме три месни заедници кои немаат капка вода за пиење и мој највисок приоритет ќе биде да се реши ова прашање, изјави за OhridNews, Муслиу. Тој најави реализација и на други инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат животот во општината Зајас каде има 15 населени места.


Педесет и осум годишниот Муслим Муслиу е професор по хемија во кичевската Гимназија, а родум е од селото Грешница.

OhridNews