„Ова е почеток на добрососедската соработка помеѓу Македонија и Бугарија. Сакам како човек и бизнисмен да дадам придонес кон патот на Македонија до Европската Унија, па затоа ќе бидам спонзор на децата од загинати офицери и војници од армијата на Бугарија. Ова ќе биде почеток на дружење помеѓу бугарските и нашите деца, ќе се обидеме да организираме во соработка со Здружението на бранители и Министерството за одбрана на Македонија, 20 до 25 македонски деца на паднати бранители (критериумите на бирање ќе ги одредиме со градоначалникот на Охрид) да бидат дел од кампот во Сарафово, Бугарија, на почетокот од јули“ изјави Темелковски.
„Треба да ги напуштиме сите стари и заостанати видувања и да ја гледаме само иднината и Европа“ додаде тој.
Ќе се дружат децата од Македонија и Бугарија
Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески смета дека ваквите настани и средби значат многу за Охрид и Македонија, односно за туристичката промоција. Пропагандните материјали и брошури на Министерството за одбрана го ставаат Охрид на првото место како посакувана дестинација
„Овие средби имаат две значења. Првото секако, развој на туризмот. Еден ваков проспект, каде се сите членки на НАТО, а од оваа година ќе биде и нашето знаме застапено е најголема можна пропаганда за нашиот град. Второ, овозможено е нашите деца да учествуваат во кампови, ќе можат да излезат од нашата земја“ вели Петрески.
Петрески најави и отворање специјална канцеларија во Софија, која ќе работи на развивање туристичките контакти со оваа земја.