Зајакот Хемфри тежок е 13 килограми и долг е повеќе од еден метар и е на добар пат да ги сруши сите рекорди за големина на зајаци.
Со должина од 107 сантиметри Хемфри изгледа импресивно. Има 18 месеци се уште не ја достигнал максималната големина, така да неговиот сопственик Колин Даниган (62) очекува дека Хемфри уште ќе расте. Обожава да јаде моркови, зелка, аспарагус, но најмногу сака бисквити.
џиновски зајак
„Кога го добив беше колку две мои дланки. Секој ден стануваше се поголем и поголем. Очекував дека ќе престане да расте, но досега тоа не се случи“ раскажува Колин од Камбернолд (Велика Британија). Во еден ден јаде пет моркови, пола брокула, неколку шпаргли,малку леб и полна шака бисквити.
„Обожава храна. Да може би изел се што ќе му се најде на патот, но морам да бидам внимателен и да му ја контролирам исхраната“ вели Колин. Не му е важна само количината туку и квалитетот на храната.
„Еднаш му купив евтини бисквити, а тој само ги погледна и ја сврте главата“се смее Колин.
Покрај храната обожава и телевизиски емисии, а бидејќи одамна го надраснал кафезот, најголемиот дел од времето го поминува седејќи покрај каминот. Пред да излезе Колин мора да му остави вклучен телевизор или радио, зошто во спротивно Хемфри не го пушта да излезе од дома.
Светскиот рекорд моментално го држи зајачицата Еми од Ворчестер со 124 сантиметри и 16 килограми.
ohridnews