Во градината на семејството Бечер во Манаката, Минесота, бил снимен како шета редок примерок од „рогат зајак“, кој многу наликувал на митското суштество „џеаклоп“, чие име настанало со спојување на називите за зајак и антилопа, а на фотографиите од старите книги бил прикажан како зајак со рогови. Снимката на необичното суштество имала 200 илјади прегледи за помалку од една седмица, но ветеринарите кои ја прегледале тврдат дека зајакот имал редок облик на папилома вирус, од кој по главата и околу неа му израснале коскени тумори.

Зајакот добил прекар „франкенштајн“ и засега се чувствувал добро, иако постои страв дека доколку туморите не престанат да растат би можеле да го оневозможат нормално да се храни. Некој него роднина со слично заболување веројатно своевремено ја инсприрал и фантазијата за митскиот „џеаклоп“, а на фотографијата можете да видите како всушност изгледа ова животно.