Еден зајак ја заслужил титулата херој, бидејќи успеал да спаси семејство од пожар во нивната куќа. Кога жената била разбудена од канџите на нејзиниот зајак, кој се качил на нејзините гради и почнал уплашено да ја гребе, таа во истиот момент знаела дека нешто не е во ред. Набрзо сфатила дека нејзиниот дом на Аљаска е во пламен, па ја разбудила ќерката и заедно побегнале од куќата.


Набрзо интервенирале дури 33 пожарникари, па огнот бил ставен под контрола и бил изгаснат. Причинета била материјална штета, но благодарение на храбрата реакција на зајакот, жената и нејзината ќерка биле спасени. За жал зајакот набрзо угинал поради вдишување на поголема количина чад.