Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека руските проектили ја уништија воената инфраструктура во украинското пристаниште Одеса.

Ракетите ’Калибр’ уништија воена инфраструктура во пристаништето Одеса, испраќајќи украински воен брод на омилената адреса на режимот во Киев, со високо прецизен удар, напиша Захарова на својот профил на „Телеграм“, одговарајќи му на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вчера кажа дека ударите ја уништиле можноста за дијалог или договор со Москва.

По нападот на Одеса, град и пристаниште од витално значење за украинскиот извоз на жито, Украина го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека им „плукма в лице“ на ОН и Турција и го доведе во прашање спроведувањето на договорот потпишан во петокот за деблокирање на извозот на жито.

Во вчерашната изјава до Турција, Русија негираше дека е вмешана во тие напади.

Русите ни кажаа дека немаат апсолутно никаква врска со тој напад и дека многу внимателно го разгледуваат прашањето, кажа турскиот министер за одбрана Хулси Акар.

Според портпаролот на украинските воздухопловни сили, вчера два проектили ја погодија областа околу пристаништето Одеса, а уште два биле соборени од украинската воздушна одбрана пред да ја погодат целта.

Руските напади врз црноморското пристаниште Одеса вчера ги осудија генералниот секретар на ОН, шефот на европската дипломатија и други западни претставници.

OhridNews