Составот на Струга Трим Лум на гостувањето кај Ренова во Тетово ќе ја започне новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот се игра в недела во 17 часот и 30 минути.

„Црвено белите“ имаа позитивен биланс во подготвителните натпревари и со голема самодоверба ќе ја стартуваат сезоната.

Задоволен сум играчите. Тренинзите се одвиваа супер. На контролните натпревари бележевме позитивни резултати и сето тоа ќе треба да го спроведеме во Првата лига. Имавме некои проблеми со повреди, но ги надминавме и максимално подготвени ќе бидеме за стартот на сезоната.

Ренова е искусен тим составен од фудбалери со долгогодишен стаж во Првата лига. Годинава ќе играат и во Европа, што доволно говори за нивниот квалитет. Ние ќе го респектираме секого, но создадовме екипа која ќе може да се носи со секој ривал во Првата лига. – изјави тренерот на Струга Трим Лум, Срѓан Захариевски.

Во првата рунда покрај дуелот Ренова – Струга Трим Лум ќе се одиграат мечевите Вардар – Борец, Шкупи – Шкендија, Пелистер – Академија Пандев, Македонија Ѓорче Петров – Работнички. Беласица – Силекс.

OhridNews