Ниту водечката екипа во Првата македонска фудбалска лига Шкендија не успеа да го освои целиот плен во Струга. Фудбалерите од двата состави ги поделија бодовите ремизирајќи 1-1. Струга Трим Лум со голот на Александар Ристески речиси 70 минути имаше водство, а Шкендија, бод обезбеди со голот на Бесарт Ибраими.

Секогаш е предизвик да се игра против клуб каков што е Шкендија. Ние не само што  им париравме, туку водевме долго време, покажувајќи дека работиме правилно и дека се движиме на вистински пат. Двете екипи до самиот крај на мечот ја бараа и посакуваа победата, затоа можам да констатирам дека за наши, македонски услови беше супер натпревар. Кога ќе се сумира се, ремито беше најреален исход. – рече тренерот на стружани, Срѓан Захариевски.

Покрај ремито, Шкендија остана лидер на табелата со бод повеќе од Македонија Ѓорче Петров односно два од тимот на Шкупи. Струга ТЛ се наоѓа на 4-та позиција.

В среда, прволигашите ќе одиграат нова мечеви од шампионатот. Стружани гостуваат во Велес кај тимот на Борец.

OhridNews

 

Прва МФЛ: Охриѓаните Размоски и Каланоски стрелци за Беласица, борбено реми во Струга (видео)