Еден папагал кој се загубил во Токио бил вратен жив и здрав на сопствениците откако во полицијата ја кажал својата куќна адреса. Како што пренеле медиумите, сопственичката рекла дека го научила папагалот да ја кажува адресата веднаш штом го купила пред две години.

Таа раскажала дека претходно изгубила еден папагал па сакала да се осигура дека тоа повеќе нема да и се случи. Папагалот побегнал од кафезот во неделата, а бил фатен истиот ден во блискиот хотел каде што слетал на рамото на еден од гостите. Симпатичната птица, меѓутоа, не ја кажала адресата веднаш, туку тоа го сторила по два дена минати во полиција.