Од Здружението на бродари полека губат надеж дека нешто ќе се промени и не се оптимисти дека патничките бродови ова лето ќе испловат од пристаништето.
-Стигна нов допис од овластениот регистар на бродови „Биро Веритас“. Oд нас се бара да обезбедиме дополнителна документација, со што шансите процедурата околу техничкиот преглед да заврши брзо пропаѓаат и нема надеж кај нас дека ова лето ќе запловиме на Охридското Езеро.-изјави Горан Устијаноски од Здружението на бродари.
Тој истакна дека бродарите ќе бараат надомест на штетата од државата, но и одговорност од Капетанијата, која според нив, е виновна за состојбите во внатрешната пловидба.
– Ќе мора да има реорганизација во Капетанијата, затоа што повеќе вака не оди. Работите еднаш мора да се постават на место и oваа институција да работи стручно и одговорно.-велат од Здружението на бродари.