Меѓународната мрежа „Наследство на Југоисточна Европа“ упати апел до македонските централни и локални власти за заштита на културното и природното наследство, кое, според мрежата, е во голема мера загрозено, пренесува весникот „Дневник“ . Охрид и Охридското Езеро, со неконтролиран урбанистички развој и неадекватно планирање, несоодветно одржување и менаџирање се доведени во опасност да го изгубат идентитет, сметаа во мрежата во која македонски претставник е институтот „Отворено општество“.  – На листата на најзагрозени културни богатства во Македонија е и Скопската чаршија.

На неодамна одржаниот состанок на Меѓународната мрежа „Наследство на Југоисточна Европа“ било изразено очекување дека ќе се преземат чекори што ќе ја подобрат сегашната состојба и дека ќе се спречи натамошно уништување на заедничкото движно, недвижно, нематеријално наследство – не информира Црпењето песок од Охридското Езеро, загадувањето, менувањето на охридската калдрма со нови камења, се само дел од причините за итноста од мерки што треба да се преземат за тие да се заштитат, посочува Меѓународната мрежа „Наследство на Југоисточна Европа“. 


со вадењето на калдрмата охридската чаршија уништена !

На листата на загрозените се: Котор – Црна Гора, заради неадекватно просторно планирање, Петролифера во заливот Влоре – Албанија, историското јадро со Диоклецијановата палата – Хрватска, Касмил – Албанија, старото градско јадро во Белград. Масовниот туризам ги загрозува Албанија, Хрватска и Црна Гора, а експанзијата на индустријата и инфраструктурата во историските зони во Трогир – Хрватска и во Радимле – Босна и Херцеговина, се опасност по градовите, пишува „Дневник“.

OHRIDNEWS