За да се заштити животната средина и биодиверзитетот согласно обврските од водостопанските дозволи, потребно е привремено да се запре со производство на електрична енергија од хидропотенцијалите. Ова е заклучок  од онлајн состанокот нпомеѓу премиерот Зоран Заев, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски, што се одржа вчера.

Според Заев, Нуредини, Хоџа и Ковачевски, неповолната хидролошка состојба го отежнува производството на електрична енергија. Разликите ќе се надоместат преку набавка за да не се загрози живиот свет.

Oд АД ЕСМ во информацијата доставена до Владата Информација за состојбата со природните езера и вештачките акумулации, се наведува дека водата во езерата се искористи во пообемна мера и секој понатамошен истек ќе го загрози еколошкиот минимум на котите, неопходен за живиот свет.

Со оглед на тоа што според сите показатели и споредбени просеци во изминатите 15 години, 2020 година е исклучително лоша во однос на хидролошката состојба, како и со оглед на поинтензивната работа на хидроелектраните во одреден период во последните неколку месеци поради елементарните непогоди во рудниците во РЕК Битола, водата во езерата се искористи во пообемна мера и секој понатамошен истек ќе го загрози еколошкиот минимум на котите, неопходен за живиот свет, стои во информацијата од АД ЕСМ.

Неповолната хидролошка состојба во голема мера се одразува и на Охридското Езеро, кое иако е прогласено за светско природно наследство заштитено од УНЕСКО, има третман на акумулација, дотолку повеќе што регулацијата на нивото на вода во голема мера кореспондира со потребите на хидроелектраните по течението на реката Црн Дрим во која се излева езерото.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро е на кота 693,12 метри надморска висина, што е само два сантиметри над природниот минимум. Ваквата состојба негативно влијае на еко системот, особено во литоралот на езерото, што пак се одразува на целиот жив свет во едно од најголемите и најзначајни природни езера во дел од Европа.

OhridNews