Кардиоваскуларните болести – КВБ, се причина за прерана смрт на 17,9 милиони случаи годишно, а според проекциите на СЗО, овој број до 2030 ќе се и причина за смрт на глобално ниво на 23,6 милиони луѓе. Во Македонија во 2019 година кардиоваскуларните болести се на прва место во вкупниот морталитет (51,8% ), а Охридскиот регион е меѓу подрачјата со највисока стапка на смртност од КВБ.
Во последните години се бележи благо намалување на стапката на морталитет од кардиоваскуларни болести. Сепак во Охридскиот регион кардиоваскуларните болести заземаат поголем процент како причина за смрт. Исклучок е Вевчани каде овие заболувања учествуваат со 42,3% во вкупниот морталитет. – се наведува во анализата на Центарот за јавно здравје Охрид што ја изготви Д-р Даниела Чингоска спец. по социјална медицина и јавно здравје, по повод Светскиот ден на срцето.
Науката покажува дека најмалку 80% од сите срцеви болести може да се спречат.
Најчести ризик фактори за настанување на кардиоваскуларни болести – КВБ, се поврзани со животниот стил: употреба на тутун, физичка неактивност, неправилна исхрана и прекумерна употреба на алкохол, што доведуваат до четири клучни метаболни/физиолошки промени: покачен крвен притисок, прекумерна тежина/дебелина, покачено ниво на шеќер во крвта и покачен холестерол, што водат до кардиоваскуларни заболувања.
Во Р.С. Македонија се спроведуваат мерки со цел превенција на факторите на ризик, навремено препознавање на КВБ, подобрување во лекувањето на секундарно и терциерно ниво, зајакнувајќи го здравствениот систем со кадар, опрема, реконструкција на стари и изградба на нови болнички капацитети и други мерки. Спроведувањето на превентивни мерки и активности со цел унапредување на здравствената состојба на населението е една од законските обврски на секој лекар од превентивната здравствена заштита (Центрите за јавно здравје), како и секој избран (матичен) лекар. Во таа смисла, Институтоит за јазно здреавје и 10-те центри за јавно здравје, како и здравствените домови активно работат на спроведување на кампањи, едукација во училиштата, здравствените установи, и други средини, изработка и дистрибуција на здравствено-едукативен материјал, организирање на акции за бесплатни превентивни преглед, се со цел да се подигне свеста кај граѓаните за грижата за сопственото здравје. – укажува Д-р Даниела Чингоска.
Лицата со кардиоваскуларни заболувања, се со поголем ризик за инфицирање и развој на компликации од коронавирусот.
Науката предупредува дека лицата со кардиоваскуларни заболувања, се со поголем ризик да заболат од опасниот коронавирус. Затоа на овие лица им се препорачува строго придржување до препораките и мерките за заштита одКовид 19.
Останете свесни за вашата здравствена состојба, грижете се за вашето срце додека сте дома:
- Потрудете се да ги задржите/стекнете навиките на здраво живеење. За да избегнете стрес и замор;
- Продолжете да практикувате физичка активност, здрава исхрана, соодветна хидратација и квалитетен сон;
- Одржувајте ги социјалните контакти и редовно комуницирајте со Вашето семејство и пријателите;
- Ограничете го пристапот до информации во врска со коронавирусот, времето кое го посветувате на тоа и верувајте само на сигурни и проверени извори;
- Избегнувајте користење на алкохол и дрога како механизми за справување со новонастанатата состојба.
Г.М.