Две големи природни езера кои се наоѓаат под дебел слој мраз на Гренланд, со над 50 милијарди литри вода, се исушиле со огромна брзина, откри тим на екологисти и научници кои неодамна учествуваа во истражувачка мисија на далечниот север.
Истражувањата на еминентни професори од повеќе светски универзитетите објавени се во специјализираните часописи „Криoсфера“ и „Нејчар“. Состојбата на Гренланд научниците ја објаснуваат како катастрофална.
Едно од двете езера откако се исушило повторно се наполнило со вода. Тоа според стручњаците се должи на топењето на огромни количини мраз на Гренланд, што според нив уште повеќе загрижува.
OhridNews