Возејќи само 5 км на час во Форд Фиеста, Дејвид Кирквуд го прати својот син на училиште. На автомобилот стои натпис Арчи оди на училиште. Лут е затоа што патот нема тротоар. Се плаши дека некој од возачите кои брзаат на патот можат да го удрат неговиот син.
Неговиот протест траел кратко бидејќи дошла полиција и го одвела Арчи на училиште, при тоа заканувајќи му се на таткото дека поради бавното возење го загрозува сообраќајот и може да заврши во затвор. Загрижениот татко рекол дека е срамота патот да нема тротоар, а некои се тркаат по него. Рекол дека ќе стори се’ што може за да се изгради тротоарот.