Една британка кога ја празнела машината за перење алишта и се заглавила раката така што не можела да ја ослободи. Околу 30 минути безуспешно се обидувала да се ослободи. Нејзиното плачење го слушнала сосетката која ги повикала пожарникарите.
– Многу ја болеше, а раката и се имаше заглавено помеѓу пластичните делови. И ја прицврстивме раката и со помош на пили и клешти ја ослободивме, вели еден од пожарникарите.