Еден човек заглавил во лифт помеѓу 21 и 22 кат во стамбена зграда од 49 ката во Чикаго. За среќа брзо бил извлечен од еден пожарникар. Но, обајцата потоа влегле во друг лифт и повторно заглавиле. Пожарникарот по дојавата дека некој заглавил во лифтот ја почитувал процедурата. Влегол во лифтот Б и отишол до катот каде заглавил лифтот А.

Го извлекол човекот и двајцата се префрлиле во лифтот Б. Но, потоа се расипал и тој лифт и останале заглавени. Бидејќи во зградата имало два лифта, и двата не работеле, никој не можел веднаш да им пријде на помош. Колегите пожарникари веќе почнале да размислуваат да го скршат ѕидот и да ги извлечат. За среќа инженерот на фирмата која ги поставила лифтовите успеал да го ресетира системот и така можел со лифтовите да управува рачно. По три и пол часа ги извлекле, но обајцата биле многу лути бидејќи го пропуштиле финалето на популарниот „Super Bowl“.