Врнежите од дожд и снег го отежнаа движењето на возилата на државните патишта низ земјава, особено на планинските превои.

Од 16:30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на планинските превои Плетвар и Стража поради обилни врнежи од снег.

На преминот Ѓавато има неколку товарни возила кои се заглавени што дополнително го отежнува сообраќајот. Полицијата е на планинските премини и ги запира товарните возила, за чие движење сеуште нема официјална забрана. Можат да се забележат возила на Македонија пат кои го чистат снегот.

Се препорачува намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата.

OhridNews