Како што информираат од министерството за внатрешни работи, во сообраќајната незгода што се случи вчера, околу 16часот на Магистралниот пат од Струга према Ќафасан, на излез од градот учествувале патничко моторно возило „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки управувано од Г.Г.(27) од село Франгово и велосипедист Владимир М.(1949) од Струга.
Во незгодата Владимир М. се здобил со повреди и бил пренесен во струшката болница каде починал.
Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ПС-Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
OhridNews