Камион со кој управувал Палестинец удри во група пешаци во Ерусалим, при што најмалку четири лица загинаа, а 15 се повредени. Израелската полиција прецизира дека се работи за група на војници кои се симнувале од автобус. Двајца од повредените се во критична состојба.

„Се работи за терористички напад“, изјави портпаролот на полицијата кој објави дека телата се „рафрлани“ по улицата. Нападот се случува неколку недели откако 12 лица загинаа во напад со камион во Берлин.