Четири лица загинаа кога градски автобус влета и се заби во подземен премин во западниот дел на Москва. Несреќата се случи во близина на метро-станицата „Славјански булевар“ при што загинаа најмалку четири лица, а повеќе од десет се повредени. Извори од полицијата соопштија дека ги истражуваат причините за несреќата.
Една од можностите е на автобусот да му откажале сопирачките, а друга е дека возачот нагло свртел поради друго возило што му го попречило патот, па автобусот завршил во подземниот премин.
OhridNews
Макфакс