Фотограф кој го следел белото Ферари на Џастин Бибер загинал во сообраќајна несреќа во Лос Анџелс додека се обидувал да го фотографира автомобилот на пејачот. Според извештајот, полицијата го сопрела луксузниот автомобил поради рутинска проверка, а на фотографот налетал друг автомобил па така загинал.
Извор рекол дека Џастин Бибер не го управувал Ферарито и дека не бил во автомобилот кога се случила несреќата. Медиумите јавиле дека фотографот го следел автомобилот на пејачот и излегол од своето возило кога Ферарито запрело како би го фотографирал. На него налетал друг автомобил кога се враќал во своето возило.