Ракометарите на помладите категории на Партизан, браќата Јеврем (16) и Игњат (18) Поповиќ, загинаа во сообраќајна несреќа, која во неделата се случила на Ибарската магистрала, пренесува „Макфакс“.
Несреќата се случила во близина на селото Заграѓе, во подножјето на планината Радник, а покрај браќата Поповиќ, загинала и жената која го управувала возилото.
Според полициски извори, до несреќата дошло кога возилото марка „југо“, кое го управувала 44-годишната жена преминало на спротивната страна од коловозот и директно се судрило со камион.
Игњат Поповиќ како голман ги минал сите селекции на Партизан, додека неговиот брат Јеврем со години ја освојувал наградата за најдобра играч во лигата. Бил и пионерски репрезентативец на Србија кој многу ветувал.
РК Партизан прогласи ден на жалост во клубот.
OhridNews
извор:„Макфакс“