Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во 15.45 часот на излез од Струга загина велосипедист.

Како што информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило „Спарк“ и велосипед. Како последица од ударот велосипедистот им подлегнал на повредите во болница.

Засега не е познат идентитетот на загинатиот.

На местото на настанот извршен е увид од страна на јавен обвинител и сообраќајната полиција.

OhridNews