37- годишната Виолета Рослан од Шведска која била во четвтриот месец од бременоста, загина за време на скок од карпа висока 300 метри вo Швајцарија.
местото на трагедијата
Како што пренесува „Дејли Меил“, тој скок и бил последен пред породувањето и бил нејзина голема желба од која никој не можел да ја одврати.
Виолета скокнала заедно со нејзиниот дечко, но тој само беспомошно го следел смртоносниот пад на Виолета, која откако не и се отворил падобранот ги раширила рацете чекајќи го ударот во земја.
Како што пишува хрватскиот портал „Index.hr“ карпата Виа Ферата и било омилено место за скокање на Виолета. „Се чувствувам жива кога скокам. Нормалниот живот ми е досаден. Знам дека ме следи смртта, но времето на Земјата ионака ни е веќе одредено. Кога ќе зајде сонцето, играта завршува, без оглед за кого се работи“, изјавила Виолета неодамна во интервју за швајцарска телевизија.
Мајка и ја молела да не скока, но и таа не успеала да ја премисли.
извор: “Index.hr”