Г.Т (40) го загубил животот додека работел на изградбата на Музејот на ВМРО и жртвите на Комунизмот.

Според првичните информации, работникот паднал од скеле од висина од околу десет метри. Како се случила несреќата и дали изведувачот ги почитувал мерките за заштита при работа, надлежните институции засега не соопштуваат.

Увид на местото на несреќата извршиле трудов инспектор и полицијата, кои детали за инцидентот најавија за утре.

OhridNews