Поради се` поголемото насилство вон терените  во италијаскиот фудбал, Италијанската фудбалска федерација ги одложи натпреварите во сите превенства во земјата, вклучувјки ги и пријателските натпревари на репрезентацијата на Италија со Романија, како и оној на селекцијата до 21 година против Белгија.

Чашата ја прелеа петочниот дерби натпревар на Сицилија помеѓу Катанија и Палермо кој го добија гостите со 2-1, благодарение на контраверзниот гол на Ди Микеле во 83 мин.  Дерби натпреварот првично требаше да се игра во недела, но поради карневалот во чест на заштитиничката на Катанија, Св. Агата,  беше презакажан за петок.


нередите на Сицилија однесоа еден човечки живот

Натпреварот го одбележа 30 минутен прекин поради фрелениот солзавец на теренот. Невидени нереди следеа по завршувањето на натпреварот во кои полицискиот инспектор Филипо Рацити настрада кога  пред неговото лице експлодирала направа со непознат состав и потекло.


хаос во Катанија

Од болницата ја добивме веста дека еден полицаец загинал во нередите пред стадионот рече директорот на Катанија, Пјетро Ло Монако и најави свое повлекување од фудбалот. Цел живот го сакам фудбалот, но по ова не се гледам повеќе себеси во овој спорт. Претседателот на Катанија, Антонио Пулвиренти, вината за инцидентите ја лоцира кај гостинските навивачи. Тој и покрај трагедијата најде време да го искоментира натпреварот:“Палермо играше со 12 играчи еден од нив беше и судијата, првиот гол го примивме од офсајд, а на вториот му претходеше прекршок, Катанија ќе поднесе жалба“, изјави Пулвиренти.


На Сицилија имаше се само фудбал не

Некогаш најатрактивното првенство, италијанското калчо , се соочува со најголемта криза од своето постоење. Еден куп сканадали, а малку фудбал во измината година беа вестите кои пристигнуваа од чизмата . Се започна со Лучиано Моџи и скандалот со наместени натпревари по кој најтрофејниот клуб, Јувентус, беше префрлен во Серија Б, а Милан, Лацио, Фиорентина и Реџина беа казнети со одземање на бодови.
 
Логична последица беше оставката на првиот човек во Ф.И.Г.Ц. (Италијанската фудбалска федерација) Франко Караро . Следуваше потоа мистериозниот пад на Џанлука Песото од клубските канцеларии на Јувентус во Торино.  До ден денес не беа откриени детали околку падот, но сепак божјата волја била на страна на Пестото па тој го преживеа падот. Аферата со делегирањето на судиите беше актуелна во наредниот период, а по зимската пауза на тоа место Италијаните го повикаа најголемото име во моментов Пјерлуиџи Колина .


Калчото во криза

Жалосно за италијанскиот фудбал е што сето ова се случува во годината кога “азурите“ стигнаа до 4-та титула светски шампион во Германија, каде благодарение на Марчело Липи демоснтриара фудбал од една нова димензија. Сите овие скандали ќе ги намалат во голема мера шансите Италија да ја добие организација на ЕП 2012 . Скандалот во Италија, како и скандалот со наместени натпревари во Полска, која има заедничка кандитатура со Украина во прв план ќе ја исфрли заеничката кандитатура на  Хрватска и Унгарија кои барем засега немат дамки.

Кога во предвид ќе се земе и доаѓањето на Платини на водечкото место во УЕФА кој најави дека малите земји ке добијат повеќе шанси, Италијаните во догледно време ке бидат само гости на големите натпреварувања.

Мирко Постоски
Ненад Цветанов