Во сообраќајна несреќа што се случи попладнево околу 18 часот на улицата Абас Емин, загина моторциклист.

Како што неофицијајно дознаваме моторциклистот изгубил контрола над возилото, удрил во минувач, па во автобил, по што со голема брзина се забил во ограда од куќа. Повредите биле фатални.

СВР Охрид ја потврди информацијата за немилиот настан. Оттаму посочуваат дека во несреќата со повреди се здобил и пешакот.

На местото на настанот во тек е увид,  поради што во прекин е сообраќајот на улицата Абас Емин

OhridNews