Ентони Џ.Ф.(22) од Лондон загина на „Езгзит“, по падот од голема висина од Петроварадинската тврдина, каде се одржува еден од најголемите фестивали во Европа.

Според првичните информации несреќата се случила околу два часот. Увид на местото на настанот извршиле истражни екипи според кои се работи за несреќен случај. Телото на загинатиот е предадено на обдукција.


Загина Британец на „Егзит“

Загинувањето на британскиот државјанин е прва голема несреќа на овогодинешниот „Егзит“. Трагедија се случи и минатата година кога во невреме гранка од дрво се урна врз камп, при што една српска државјанка загина, а една македонка се здоби со тешки телесни повреди, додека нејзиното момче беше полесно повредено.

Ohridnews