Американскиот актер 40-годишниот Пол Вокер кој настапуваше во акциските филмови „Брзи и жестоки“ загинал во сообраќајна несреќа во сојузната држава Калифорнија, јави BBC, пренесува „Макфакс“.

Несреќата се случила во саботата навечер во местото Валенсија, северно од Лос Анџелес. Вокер бил совозач во „поршето“, а го возел негов пријател. Двајцата загинале на местото на несреќата, соопшти полицијата.

Вокер патувал во Валенсија поради добротворната приредба којашто ја организирала неговата организација Reach Out Worldwide.

Полицајците и пожарникарите коишто пристигнале на местото на несреќата наишле на автомобилот кој бил во пламен.

„Со тешко срце мораме да потврдиме дека Пол Вокер денеска почина во трагична автомобилска несреќа…“, се наведува во објавата на неговиот профил на Facebook.

OhridNews
извор:„Макфакс“