Како што информираат од министерството за внатрешни работи, вчера, околу 11 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, во селото Враништа случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Волксваген Пасат“ со охридски регистерски ознаки и велосипед управуван од 79- годишен жител од Враништа.

Од незгодата лицето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ за да му се укаже лекарска помош. Околу 17.30 часот истиот им подлегнал на повредите. Од страна на струшката полициска станица и јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.  

OhridNews