Четиринаесетгодишниот ски скокач од Холандија, Јермо Риберс, загина по фаталниот пад на јуниорскиот натпревар што се одржа на малата скокалница во Оберсдорф.

Риберс паднал при доскокот, при што со главата удрил во рекламните паноа кои биле поставени на работ од слеталиштето, што било кобно за младиот холанѓанец.

Скокалницата во Оберсдорф е дизајнирана за скокови од 60 метри. Риберс кој бил член на локалната школа за ски скокачи претходно имал изведено преку сто скокови на таа скокалница.

ohridnews