-Најголем проблем е загадувањето на водите посебно од излезот на реката Црн Дрим од Охридското Езеро, како и проблемот за користење на водата за енергетски потреби, а загрижува и отсуството на граѓанска иницијатива од населението кое живее во сливот на реката Дрим. –истакна Дејан Пановски, македонски претставник во проектот за интегрирано управување на Дрим.
Првата фаза од проектот наречена „Дримски дијалог“ започна со консултативен состанок што вчера се одржа во Охрид. Проектот e поддржан од Шведската агенција за развој, меѓународни фондации за заштита на водите, ЕУ и ОН.