Основна причина за загадување на езерата во светот е човечкиот фактор , но треба да се земе во предвид и глобалното затоплување кое може да нанесе непроценливи штети на водните површини, беше истакнато на меѓународниот симпозиум што се одржува во Охрид.
На симпозиумот учествуваат околу 150 претставници од 19 европски земји кои ќе се обидат да најдат одговор на прашањето како да се заштитат езерата во Македонија и во светот.
човекот фактор бр.1 на загадувањето на водите
На собирот што го организира Хидробиолошкиот институт беше истакнато дека Македонија прави напори да ја подигне заштитата на езерата, но дека тоа не едоволно. Според податоците на Хидробиолошкиот институт, во последните 15 години процесот на еутрофикација(забрзано стареење на езерата) е зголемен, а како последица на човековата негрижа расте и загадувањето на водените површини.
На научниот собир во Охрид учесниците ќе дискутираат за изнаоѓање долгорочни решенија за заштита на водните ресурси во светот.