Пожарите што беснеат четврти ден во околината на Охрид го загадуваат воздухот. Силен мирис на чад се чувствува и вечерва во Охрид, а мерната станица за амбиентен воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање, единствена релевантна, покажува загадување повеќе од двојно од дозволеното.
Во 23 часот загадувањето со ПМ 10 честички во воздухот во Охрид изнесувало 101,606 микрограми на метар кубен, а дозволеното ниво е 50 микрограми на метар кубен.
OhridNews