Откако синоќа беше регистрирано енормно загадување на воздухот во Охрид во кој, според податоците на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), беа измерени 391,437 микрограми од штетните ПМ 10 честички на метар кубен, состојбата утрово е подобрена, но нивото на опасни материи во водухот се уште е високо.
Според податоците добиени од мерната станица на МЖСПП, утрово во 10 часот во воздухот во Охрид е измерено присуство на ПМ 10 честички од 122,622 микрограми на метар кубен, што е повеќе од двојно од дозволената граница од 50 ммг/м3.
Зголемено ниво на ПМ 10 честички утрово има и во Битола, Струмица, Гевгелија, Кавадарци, Скопје и Тетово, но измерените вредности се највисоки во Охрид.
Г.М.