Македонскиот репрезентативец во бодибилдинг Тоше Зафиров на Светското првенство во Италија го освои второто место. Сребрениот медал од СП преставува најдобар пласман воопшто на некој македонски боди билдер. Зафиров (34) родум од Неготино формата за ваквите натпревари ја темпира во сопствената теретана “Гладијатор“. Ексклузивно за “Ohridnews”, Зафиров ги открива тајните на успехот во боди билдингот.


Ohrid News : Колку траеше подготовката за овој настап ? Колку беше тешко да се постигне овој успех и колку сили и енергија потроши во целиот овој период за подготвување ?

Зафиров Па овие подготовки започнаа веднаш по освојувањето на бронзениот медал на Мистер Унирверзум во Италија. Цели две години работев напорно со мојот тренер не пропуштајќи ни еден тренинг, не правејќи еден ден пауза затоа што знаев со каква конкуренција ќе се соочам на натпреварувањето.


Ohrid News : Боди билдингот како спорт бара многу откажувања. Сега по успехот, што е тоа што ti недостасува и го “заборави“ во овој период ?

Зафиров
Боди билдингот е тежок во секоја смисла на зборот. Бара многу откажувања од секојдневието. Мораше да се откажиш од ноќни излегувања, од сите слатки задоволства но кога ја имаш целта во главата нема ништо текшко нема нешто што може да ги поремети твоите цели. Затоа мораш да се победиш себеси, па потоа останатите.



Ohrid News :
Кај нас доста луѓе се занимаваат со боди билдинг, што ја прави разликата меѓу еден “аматер“ и еден професионалец ?

ЗафировАматерски можеш да се вежбаш три пати неделно и да се храниш нормално количински. Професионалното занимавање бара редовна исхрана и вежбање два пати дневно.


Ohrid News : Што би им порачал на младите кои се занимаваат со овој спорт ?

Зафиров Јас сум секогаш за младите наместо да го трошат времето по улиците, да вложуваат во себе. Колку ќе вложиш во телото, тоа подоцна толку ќе ти врати. Не е важно во кој спорт ќе се пронајдат битно е да спортуваат и да се посветат повеќе внимание на себе.

Во својата богата кариера Зафиров има освоено многу бројни медали и награди. Во далечната 1997 година Тоше бил шампион во јуниори. 2003 година апсолутен првак во тешка категорија и трето место на Балканското Гран При.


На светското првенство во Рим, Италија Зафиров освои три медали два златни во тешка и апсолутна категорија и една бронза. Жетвата на трофеи продолжи во 2010 година на Мистер Универзум исто така во Италија, кога Зафиров се закити со бронзен и сребрен медал.

М.П.