За некои црвени линии не може да има отстапки, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев во об раѓањето  на младинскиот работен семинар на СДММ што се одржува во Охрид.

Тој се осврна на преговарашкиот процес, посочувајќи дека тој се води сериозно и без притисок.

-Преговорите ги водиме сериозно, но ослободени од притисок. За некои црвени линии не може да има отстапки. Аргументите се на наша страна. Нашите ставови се потврдени состојби во сите последните извештаи на Стејт Департментот, на експертската група на Европската комисија предводена од Рајнхард Прибе, на ОН. Крајот на Груевски е дојден, прашање на модалитети е неговото заминување, оцени Заев. 

Пред  младите на СДСМ, Заев се осврнал на проектот „Вистината за Македонија“, како и на програмата за враќање на достоинствениот живот на граѓаните на Македонија, за враќањето на европските вредности, слободата, демократијата, правдата, информираат од СДСМ.

Лидерот на СДСМ, вчера во Охрид, оствари средба со претседателот и членовите на општинската организација.

OhridNews