Претседателот на опозициската СДСМ, Зоран Заев даде интервју за британскиот глобален информативен сервис BBC Online, во кое тој се осврнува на последните неколку циклуси иозбори во земјата, за кои, тој уште еднаш изнесе тврдење дека изобилувале со неправилности.
„За време на овој процес на споделување на сите докази и аргументи, ќе се покаже што се случувало во последните 3 изборни циклуси вклучувајќи ги и изборите од минатата година.
Нелегалното гласање е поврзано со лажни лични карти, купување гласови, притисок над гласачите и тоа покажува сé.
Тоа што сите ние го знаевме и чуствувавме сега конечно ќе се потврди, што точно се случувало за време на изборниот процес во нашата мала земја.“-вели во интервју за BBC Зоран Заев.
OhridNews