Со убедлива и стабилна предност, во моментот од над три пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, со можност за едне или два уште повеќе нашата коалиција „Можеме“ е победничката коалиција на овие парламентарни избори, изјави во обраќањето пред симпатизерите неколку часа по завршувањето на изборите лидетот на СДСМ Зоран Заев.

Волјата на народот се потврди. Победуваме! Излегоа граѓаните и гласаа засигурна иднина, за заедништво и солидарност, за економски патриотизам, за ред и правда – излегоа граѓаните и избраа подобро денес и подобро утре. Патот напред е потврден. На опасноста и кажавме јасно не! –  рече Заев.

Претседателот на СДСМ истакна дека изборите биле мирни, достоинствени, слободни и демократски, безбедни и современи – како што доликуваат на земја членка на НАТО, која граби кон ЕУ.

Ви благодарам на сите кои денеска бевте активни учесници во ова ново поглавје од современата македонска демократија – сите вие кои излеговте на овие најспецифични избори досега, сите кои го остваривте вашето избирачко право и кои учествувавте во враќањето на капацитетот на институциите и сите кои презедовте одговорност. – додаде Заев.

Што се однесува до исходите Заев рече декасите учесници добиле порака од гласачите според тоа како и на кој начин ги спроведуваа своите политики.

Среќен сум што граѓаните ги препознаа вистинските вредности и ни дадоа можност да ги продолжиме нашите прогресивни заложби за убава иднина на Република Северна Македонија. Денеска, концептот парите кај граѓаните, го порази концептот – обнова на режимот. Концептот на интеграција, го порази концептот на изолација. Концептот што влече силно напред, го порази концептот што сакаше да враќа назад. Концептот Едно општество за сите, ги порази лажниот патриотизам, конфликтите и поделбите. И време е, конечно, сите мрачни и назадни концепти да завршат во неповратно минато, а партиите кои нудеа вакви поразителни политики да започнат процес на реформирање. – истакна Заев.

OhridNews